Новинарот Арменд Нухиу на социјалните мрежи се огласи по повод дивоградбите кои ги градат високи функционери и лица блиски на ДУИ во Охрид и на Матка.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук напиша статус во кој вели дека и покрај тоа што Хефи Усеини отворил пицерија на дивоградба во центарот на Охрид, од државата нема никаква реакција. Тој се надоврза и за кањонот Матка во кој луѓе на ДУИ држат диви платформи, при што додава, да ти се плукнам во државата каде коалициските интереси се над законите.

– Нефи Усеини, советник на ДУИ завчера отвори пицерија дивоградба во центарот на Охрид. УНЕСКО во февруари ќе го извади Охрид од неговата листа. И никому ништо. На Матка луѓе на ДУИ држат диви платформи, никому ништо. Да ти се плукнам во државата каде коалициски интереси се над законите“, пишува Нухиу.

Статусот на Нухиу предизвика многумина негови пријатели да коментираат претежно во насока на осудување на ваквото однесување на лица во или блиски до власта. Еден дегов пријател оди до таму што пишува дека се додека ДУИ не се исчисти од политичката сцена, во Македонија нема да функционира ни закон ни ништо.

Во коментарите на статусост на Нуиу може да се види дека имаше и обиди, конкретниот случај со дивоградбата на советникот на ДУИ да го оправдаат и да му дадат и етничка боја на што Нухиу возврќа дека ДУИ со години работи на ширење на некој квази национализам со кој се обидува да ја затскрие својата неспособност. Тој исто така и вели дека они земаат гласови од Албанците со национални теми, а прават криминали за себе.