x

Нухиу со Брда ќе “удри“ по Силекс, Дрита го растури Скендербег во пријателски меч!

brda-za-drita

Силекс вчера загуби во Струга од Трим Лум во ПМФЛ со 0:2, тоа беше прв пораз за кратовци. Секако дека тоа не треба да биде премногу загрижувачки за тренерот Горан Симов. Него повеќе треба да го боли главата од моменталната форма на Дрита, тим од Косово кој е ривал на Силекс во 2.квалификациско коло во Лигата на Европа. Меч кој се игра во Скопје на 17 септември.

Имено вчера момците на нашиот тренер Ардијан Нухиу го растурија Скендербег со 4:1, тоа беше пријателски меч.

Во моментов сме на подготовки во Албанија, во Драч, каде користиме можност да играме пријателски мечеви. Потоа се враќаме во Косово, а од таму ќе допатуваме во Скопје. За нас е добро е што Владица Брдаровски ќе има право да игра на дуелот со Силекс, ќе биде во комбинација. Вчера преку ТВ стрим ја “скениравме“ играта на Силекс на мечот со Струга Трим Лум, коментарот ќе го задржам за себе“ вели за СПОРТМЕДИА Ардијан Нухиу.

Тој додаде дека Силекс е во мала предност поради фактот дека првенството во Косово се уште нема стартувано, додека во Македонија викендов се игра 5.коло.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата