Утре во 21 часот во клубот Ла Кања во Старата скопска чаршија е закажана промоцијата на новиот роман на Лидија Димковска, насловен НО-УИ, инаку нејзино трето прозно издание.
Новиот роман на Димковска доаѓа по одличниот „Скриена камера„ од 2004 и наградуваниот „Резервен живот„ од 2012 година.

Со оваа промоција ИЛИ-ИЛИ го продолжува работното лето, во чии рамки досега ги организираше гостувањата на словенечкиот автор Горан Војновиќ (Југославија, моја дежела), унгарската писателка Кристина Тот (Аквариум) и полскиот автор Мариуш Шчигел (Готленд). Интересно, Димковска во февруари годинава, по седумгодишна пауза, ја издаде и својата нова збирка поезија „Црно на бело„.