Сан Антонио триумфираше на гостувањето против Далас со 109:100, а Денвер во драматична завршница славеше против Голден Стејт со 100:99 во единствените два дуела одиграни во НБА лигата.

Кај “мамузите” шест кошаркари имаа двоцифрен ефект. Најефикасен беше Пети Милс со 26 поени, а Тим Данкан имаше 20 постигнати поени, дополнети и со 15 скока. Со дабл-дабл остварување беше и Леонард со 16 поени на кои додаде и 16 скока.
Во поразениот тим се издвои Монта Елис со 24 поени и по четири скока и асистенции, а Дирк Новицки имаше 19 поени.

Сан Антонио, која е најдобра екипа во лигата, се зацврсти на лидерската позиција на Западот пред Оклахома.

Кевин Ферид е јунакот на Денвер. На 13 секунди пред крајот Кари донесе водство од 99:98 за Голден стејт, но на тоа одговори Кенет Ферид и на една секунда пред сирената да означи крај постигна поени за триумф од 100:99 на Денвер.
Ферид постигна 18 поени и имаше 17 скока, а најефикасен кај Денвер беше Мозгов со 23 поени, а на сето тоа неверојатни 29 скока, што се најмногу скокови сезонава во НБА лигата, од кои 20 дефанзивни. На спротивната страна Стефон Кари имаше 24 поени.