Официјалните профили на Твитер на повеќе милијардери, политичари и најголеми светски компании се цел на невиден напад. До синоќа се чинеше скоро неверојатно дека можат во исто време да се хакираат Твитер акаунтите на јавни личности еден по друг.

Пораките што содржат повик за донации се појавија на официјалните сметки на Бил Гејтс, Елон Муск, effеф Бејс, Jо Бајден, Барак Обама, Мајк Блумберг, компанијата Епл, Убер и многу други.

– Плаќате илјада долари, тие ви враќаат две илјади, но само во следните половина час, а тоа е затоа што мултимилионерите така решија – било напишано на нивните Твитер профили од страна на хакерите

Пораките и објавите што кружеа на овие профили се однесуваа на акцијата: „Време е да дадам“, „Се чувствувам дарежливо заради ковид“, „и се враќаме на заедницата“… Со овие пораки од хакерите до корисниците на Твитер тие ги повикаа твитерџиите да уплтатт илјада долари на нивната биткоин сметка а богатите ќе им врателе потоа дупло за полвина час.

Наскоро, се јави и директорот на Твитер:

– Ова е тежок ден за Твитер – напишал првиот човек на компанијата, Џек Дорси на цвојот Твитер профил доцна синоќа во кој се наведува дека програмерите постојано работат на корекција на грешката што го овозможи овој пропуст.

Твитер веднаш ги исклучи сите официјални сметки обележани со сина маркица за автентичност, и тие повторно станаа активни неколку часа подоцна.