x

Нојер утре руши рекорд стар повеќе од 40 години

nojer1

Мануел Нојер утре во Севиља на дуелот со Шпанија, ќе го сруши стариот рекорд од 40 години поставен од Сеп Маер.

За голманот на германската репрезентација ова би бил 96-ти настап во националниот тим, со што би станал рекордер кај голманите по бројот на натпревари. Сеп Маер имаше 95, и тој рекорд го постави пред 41 година.

„Ред беше“, рече Маер откако слушна дека Нојер ќе го сруши рекордот.

Инаку Нојер има шанси да стане првиот голман на Германија со над 100 настапи, ако продолжи со ова темпо.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата