Музичар и поет Бора Ѓорѓевиќ му чиститал на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ на 14-то повлекување на признавање независност на Косово кое стигнало од Централна Африканска Република и најавил дека во следниот албум на Рибја чорба една песна ќе му ја посвети него.

– Рефренот оди: “министер за надворешни работи со пеење руши признавање на Косово. Носете стомаче како Ивица Дачиќ – изјавил Ѓорѓевиќ за ХоНет и оценил дека Дачиќ ја извршува одлично својата работата.

Кога станува збор за суштината на косовскиот проблем, тој смета дека во суштина се работи за Трепча и рудите кои во Косово се во изобилство и нивната експлоатација ќе трае децении.

Во серијалот на разговори Косинус, тој објаснува дека помеѓу договорот и замрзнатиот конфликт, поблиска му е втората варијанта.

Решението не го гледа во учество на меѓународната заедница, и уверен е дека многумина меѓу нејзините претставници и незнаат каде е Косово.

– Од толку преговои, толку посредници во преговорите кои се потценувачки и уценувачки за Србија, што за такви преговори и не би размислувал многу- порачал Ѓорѓевиќ.

Како пример, тој ги спомнал односите Кина и Тајван и признава дека: “нити сме Кина, нити Тајван е Косово“, но тоа е ситуација во која Кина не го признава Тајван ни во лудило“.

Ѓорѓевиќ е свесен дека една ситуација е де факто, а друга е де јуре и објаснува дека “Косово де факто постои, додека де јуре, правно Косово не постои“.