Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали од вчерашаното пукање на Матка.

Информираа дека се приведени лицата С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од селото Глумово и К.В.(24) од селото Рашче.

-На 09.05.2020 во 20.20 часот во на СВР Скопје, С.С.(31) од с.Глумово пријавил дека околу 15,00 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е. Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот. По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.