Францускиот воен носач на авиони „Шарл де Гол“ се враќа во пристаништето откако неколку војници почнале да покажуваат симптоми на инфекција со коронавирус, соопшти француското Министерство за одбрана.

Министерството информира дека околу 40 вработени во моментов се под строг надзор на лекарите.

извор: Makfax