Сообраќајот на патните правци Велес-Скопје и Струмица-Радовиш, кои претходно беа во прекин поради сообраќајна незгода, се нормализирани, информира АМСМ.

Поради појава на магла има намалена видливост на патните правци Тетово-Скопје до 100 метри, Тетово-с.Гајре од 20 до 30 метри, Куманово-Св.Николе до 100 метри и Кичево-Охрид од 50 до 100 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

извор: Makfax