x

Норвешка лесно со Полска, Русија убедливо против Шпанија

img_20201203_224014

Стартуваше женското Европско првенство во ракомет, првиот ден се одиграа четири меча.

Норвешка без проблем ја доби пресметката со Полска славеше со 35-22. Мерк и Рајштад запишаа по шест гола, Гега Марта со ист број на погодоци беше прво име кај Полска.

На првата средба Германија беше подобра од Романија (19-22).

Во групата Б, победа забележа и Шведска. Чешка пружи силен отпор, но крајот беше совладана со 27-23. Блом имаше пет гола, еден помалку запишаа Гулден.

На втората средба Русија убедливо го доби дербито со Шпанија со 31-22. Шпанија имаше водство во најголем дел од првото полувреме, Русија во финишот направи пресврт, на одмор да замине со водство од 13-11.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на репрезентацијата на Русија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата