Актуелниот европски шампион Норвешка го направи тоа што беше потребно за да ги задржи малите шанси за пласман во полуфиналето на ЕП во Франција, декласирајќи ја Унгарија со 38:25 (19:12) за први поени во групата 2 од втората фаза.

По изненадувачките порази од Германија и Романија во првата групна фаза, на досегашните носителки на тронот им се потребни победи над Холандија и Шпанија, но и „добри“ резултати на ривалките за да имаат шанса повторно да се борат за медал.

Против Унгарија, тие немаа проблем, поведувајќи од почетокот на мечот и држејќи ја разликата голема до конечните +13. Хајди Локе постигна 7 гола, а по шест имаа Камила Херем и Стине Офтедал.

ЕП ФРАНЦИЈА 2018, ГРУПА 2

Шпанија – Германија 23:29 (9:17)

Унгарија – Норвешка 25:38 (12:19)

Табела: 1.Романија 4, 2.Холандија 4, 3.Германија 4, 4.Норвешка 2, 5.Унгарија 2, 6.Шпанија 0.

извор: Makfax