Повеќе од 20 млади луѓе завршија во болница во Норвешка поради труење со јаглерод моноксид за време на забава одржана во подземен бункер во Осло, објави Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека забавата случајно била откриена кога полициска патрола поминала покрај група млади луѓе кои изгледале збунето покрај бункерот вчера утрото.

Наскоро уште неколку луѓе излегле од бункерот и побарале итна медицинска помош. Норвешките власти веруваат дека труењето било предизвикано од преносни генератори.

Двајца полицајци, наводно, биле меѓу членовите на забавата.

Лекарите изјавиле дека за среќа сите се добро и дека се надвор од животна опасност.

Полицијата соопшти дека на забавата со електронска музика учествувале околу 200 луѓе. Тие ги повикаа сите учесници кои страдаат од гадење, главоболка или вртоглавица да побараат лекарска помош.

Едно лице постојано излегувало од бункерот во потрага по свеж воздух пред да пристигне полицијата. Од полицијата во Осло велат дека истражуваат зошто не било постапено веднаш по пријавата дека има забава.

извор: Makfax