x

Норвежаните тврдат дека голот на Муса е нерегуларен (ВИДЕО)

Норвешка денеска го заврши својот настап на Европското првенство, во битката за третото место ја совлада Словенија и дојде до првиот медал на ова натпреварување. Се чини болниот пораз од Хрватска во полуфиналето и натаму ги боли, па еден од членовите на стручниот штаб, Кент-Хари Андерсон изјави дека голот на Муса не бил регуларен.

„Муса беше еден метар внатре во шестерецот пред да ја добие топката. Не сфаќам како судиите не го видоа, беа близу до него“, изјави Андерсон, кој смета дека судиите прво требаше да ја погледнат снимката, а потоа да и ја одземат топката на Хрватска.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата