x

Ноле стартуваше со победа во Синсинати, сензација направи Крајиновиќ

djokovic-1

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ славеше во првиот натпревар одигран во Синсинати против Ричард Бернакис со 2:0 по сетови и се пласира во осминафиналето на турнирот. Српскиот тенисер имаше многу проблеми, поради големи болки во вратот не можеше да се фокусира и да држи темпо, но и покрај тоа го совлада ривалот со 7:6 и 6:4 по сетови.

Подобро е, веќе четири дена имам проблем, но се оди како што треба. Се надевам дека по овој натпревар нема да се влоши ситуацијата. Со физиотерапевтот ќе направам се што е потребно“, изјави Ѓоковиќ кој даде коментар на тоа што неговите најголеми конкуренти Рафаел Надал и Роџер Федерер не се во Њујорк каде наскоро треба да почне и првиот Грен слем турнир, УС Опен.

Мислам дека расправата за тоа кој е најдобар на сите времиња никогаш нема да биде прекината. Во Њујорк сме, пред нас е Грен слемот. Тие двајца не се тука, но тоа не го менува мојот пристап“, вели Србинот.

Новак во осминафиналето ќе игра против Американецот Тени Сандгрем кој во претходните две рунди ги совлада Сонего и Оже-Алисиме.

А сензација во Синсинати приреди другиот српски тенисер Филип Крајиновиќ кој убедливо го совлада третиот тенисер на светот Доминик Тим. Неговиот нареден противник ќе биде Унгарецот Мартон Фучович кој исто така направи изненадување со тоа што го совлада 19. тенисер на светот Григор Димитров со 2:1.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата