Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани рекордни 2.242 нови случаи на зараза со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 9.745.

Меѓу нив, 731 пациент е во болница, од кои 52 се на апарати за дишење, пишува Индекс.

Починаа 16 лица.

Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 33.959 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 429 починале. Вкупно оздравеле 23.785 луѓе, од кои 875 во последните 24 часа.

Во моментов има 27.967 лица се во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 437.048 лица, од кои 8.087 во последните 24 часа.

извор: Makfax