Триесет и осмиот добитник на 8 000 денари од наградната акција на единствениот семеен дневен весник “Вечер„ е пензионерот Ѓорги Котески. Чичко Ѓорги живее во скопската населба Карпош 4 и е редовен читател на нашиот весник. Наградата дојде во вистински раце бидејќи нашата цел е остварена. Со паричната добивка се заблагодаривме на читател кој, навистина, 40 години се дружи со нас. “Весникот сум го читал отсекогаш. Во деновите кога не излегуваше, многу ми недостигаше, но морав да се преориентирам на други дневни весници. Меѓутоа, со обновувањето на стариот добар “Вечер„ се вратив повторно на неговите интересни страници. Цената од 15 денари е реална бидејќи тој е богат со содржини, а и да е повисока нема да се откажам од него„- ни рече верниот читател чичко Ѓорги. Според него “Вечер„ е сеопфатлив весник во кој нема ништо пропуштено и во кој секој ќе најде нешто за себе. Тој самиот ги собира купоните и ги испраќа на нашата адреса. Досега испратил многу пликоа, а еве едно му донесе среќа. “Стариот телевизор што го имам дома веќе откажува. Одамна знам дека треба да купам нов. Еве, сега ми се отвори можност да појдам и да изберам нов телевизиски приемник„- ни рече добитникот, кој вчера ја посети нашата Редакција за да си ја подигне наградата. За паричната добивка од 8 000 денари и новиот телевизор што, деновиве ќе го купи, тој веднаш се пофалил на своите соседи. За жал, соседите досега не учествувале во наградната акција, но по сознанието дека наградата стигнува во вистински раце, на чичко Ѓорги му кажале дека во иднина редовно ќе ги праќаат купоните и ќе очекуваат и ним среќата да им се насмевне. На сите пријатели кои учествуваат во акцијата им посака да не губат надеж и натаму да продолжат да го составуваат името на најдобриот дневен весник и да очекуваат плик со 8 000 денари. На заминување од нашата Редакција добитникот ни посака уште многу добри броеви од весникот