Паниката кај родителите од новиот корона вирус се пренесе и кај основците и средношколците кои самоиницијативно ја напуштаат наставата или пак родителите ги повлекуваат. Канал 5 го посети основното училиште Ѓорѓија Пулевски во скопската населба Аеродром. Дел од учениците од прва смена утринава си заминале. Граѓаните кои ги затекнавме побарале одговори од наставниците дали воопшто ќе се одржува настава.

За некои мерките и препораките на здравствените власти се доволни, за некои пак не, иако велат дека се работи за проблем со кој се справува целиот свет. Но сепак сметаат дека училиштата и градинките во ваква ситуација треба да се затворат.

Директорот на училиштето за Канал 5 вели дека паниката помеѓу учениците настанала по шпекулации дека родител на ученик неодамна се вратил од Италија а бил заболен од корона вирус.

Целата вест на Канал5.