x

Нов скандал во францускиот фудбал: Тренер во младите репрезентативни категории обвинет за педофилија

fff-france

Нема мир со Француската фудбалска федерација. Актуелниот светски шампион по конфликтите во женската репрезентација и различните расправии меѓу селекторите, сега се соочуваат со нов случај на сексуален напад од поранешен тренер на млади категории.

Според францускиот печат, станува збор за тренер кој работел заедно со Килијан Мбапе. Тренерот кој сега е под претходна истрага за „сексуален напад врз малолетници“, продолжил да тренира со деца до минатото лето иако случајот кој сега добива на сила датира од 2012 година.

Тој уште тогаш бил пријавен за низа несоодветни однесувања, но Федерацијата никогаш не го тргнала од тренинг кампот каде работат младите надежи на францускиот фудбал. Постапката е активирана по „љубовна“ СМС-порака испратена до тинејџер, кого тренерот го повикал да дојде на ручек сам. Л’Екип, интервјуираше и други момчиња во Клерфентан, кои објасниле дека тој тренер влегувал и во соблекувалните додека момчињата се туширале.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата