x

Нов проблем за Вардар: Шишкарев се повреди!

Вардар дефинитивно не може да дигне глава од повреди. На оваа листа се пресели и Данил Шишкарев. Според информациите кои доаѓаат од таборот на рускиот национален тим, Шишкарев има проблем со коленото.

Селекторот на Русија и спортски директор на Вардар, Еудард Кокшаров вели дека Шишкарев ќе патува на Европското првенство, но неговиот настап е ставен под знак прашалник, ќе се следи неговата ситуација.

Не беше лесно да се одбере составот. На повредата на Димитар Кисељов на крајот на тренинг кампот ја додаваме и повредата на коленото на Данил Шишкарев. Затоа повикав три десни крила, за да не дојдеме во ситуација подоцна да имаме само едно“, изјави Кокшаров.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата