x

Нов пораз за ТФТ во БИБЛ-лига

fmp-tft-5

ТФТ го забележа и петтиот пораз во низа во БИБЛ-лигата. Македонскиот клуб беше совладан на гостувањето кај Теодо со 98-83.

Кошаркарите на ТФТ беа рамноправен противник во првата четвртина во која имаше минимално водство од 21-22. Домашниот тим со серија од 7-0 на средината на вториот период поведе со 37-30, а потоа и со 47-34, период во кој ТФТ снема муниција. На одморот беше 47-36.

Во следните две четвртини Теодо фати ритам, знаеше како да ја одржува позитивата. На стартот на третиот период беше 52-36. До крајот немаше многу промени, ТФТ само успеа да намали на минус шест (71-65), но веднаш застана.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата