Филип Кузмановски и Хановер на гостувањето кај Ерланген одиграа без победник (21-21) во меч од 12. коло во Бундес-лигата.
Двата тима одиграа интересен натпревар, во првото полувреме водството се менуваше, домашниот состав имаше највисока предност од три гола, додека Хановер од два, на одморот беше 11-11.
Ерлаген во вториот дел тргна посигурно, поведе со 17-13, но тимот на македонскиот репрезентативец со серија од 6-1 поведе со 18-19 и ја врати неизвесноста на дуелот. Мартиновиќ од седум метри донесе водство од 20-21, но домаќинот успеа да израмни на 21-21. Ова беше и крајниот резултат на оваа средба.
Кузмановски одигра нов одличен натпревар, постигна пет гола од исто толку обиди, зад своето име запиша и една асистенција.
Хановер е на 14. место во Бундес-лигата со три победи, три ремија и четири порази.