Општина Кисела Вода пред влезот на отворениот пливачки базен во Расадник, направи нов парк за миленици.

Паркот се простира на површина од околу 420 м2, и истиот е со висина на ограда од 1,6 метри. Во паркот поставена е урбана опрема, осум клупи за одморање, шест корпи за отпадоци и за собирање на изметот. Поставени се и четири реквизити за милениците.

Неодамна, парк за домашни миленици, Општината направи и во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“.

извор: Makfax