Стар Аеродром наскоро ќе биде збогатен со нов парк што ќе се протега покрај улицата „Методија Шаторов-Шарло“.

Урбаниот парк, на површина од 3 200 м2, ќе понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.

Градоначалникот Златко Марин во наредниот период планира изградба на повеќе урбани паркови на различни локации на ниво на целата територија.

извор: Makfax