Нова изброна нерегуларност се појави на стрнаната  на ДИК за предвремените парламентарни избори. Откако претходно имаше нелогичност за победа на ДУИ во струмичко Ново Село, Демир Хисар и Вевчани каде не живеат Албанци, сега таков резултат излезе и за уште едно изборно гласачко место во Кисела Вода.

Имено според ДИК, во 2016 година на ова избирачко место ВМРО-ДПМНЕ освои 292 гласови или 41,13 %, додека СДСМ освои 357 гласови или 50,28 %.

Додека на овие избори според ДИК во истото избирачко место победник беше ДУИ кој освои 44,9% од гласовите а пак Алеансата за Албнанците освои 22,79% од гласовите.

Сајтот на ДИК повремено не работи и ден после изборите, а зошто се појавуваат вакви резултати треба да објаснат допрва. Денес од ДИК соопштија дека поднеле пријава за хакерски напад во МВР кое треба да го испита случајот.