Генералниот директор на каталонскиот гигант Барселона, Оскар Грау, откри дека и за време на зимскиот преоден рок, ќе биде испратена официјална понуда за бразилскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Филипе Кутињо, а додаде и дека клупскиот буџет за актуелната сезона изнесува рекордни 897 мил. евра.

Подготвени сме да ги осигураме услугите на Кутињо за време на зимскиот преоден рок, или да ги осигураме услугите на тој играч кој ќе биде побаран од стручниот штаб. Сепак, најважно е да се прилагодиме на актуелната ситуација, ако биде купен некој фудбалер, тогаш ќе мора и да продадеме некој фудбалер. Мора да ја заборавиме сумата која беше одвоена за услугите на Неимар. Откако ги подмиривме даночните обврски, добивме 188 мил. евра, а директното финансиско влијание на тој трансфер изнесуваше 144 мил. евра, изјави Грау.

Челникот на каталонскиот гигант откри дека буџетот за актуелната сезона ќе изнесува рекордни 897 мил. евра, и дека клубот заработил приход од 708 мил. евра.

Вицешампионот на Шпанија се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на 25-годишниот играч за врска, кој побара да биде ставен на трансфер-листа, но Ливерпул ги одби сите официјални понуди.

Барселона откри дека “црвените# побарале 200 мил. евра за обесштетувањето на Кутињо, но таквата информација експресно беше демантирана од челниците на англискиот премиерлигаш.