x

НОВ МОМЕНТ: Артуро Видал не знаел дека ја тужи Барселона?!

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал не ја тужел Барселона за неисплатениот бонус од 2.4 милиони евра како што тврдеа шпанските медиуми. Напротив, тој воопшто не ни знаел дека е покренат процес, а притоа и се воздржа јавно да зборува за деталите.

Каталонскиот клуб дознал на суд дека тужбата всушност ја поднел неговиот менаџер, Фернандо Феличевич, кој го сторил тоа во негово име без знаење на фудбалерот, пишува Мундо Депортиво.

Феличевич треба да добие процент од тој бонус и има право да го тужи клубот. Но, неговата постапка го навлече гневот на навивачите на Барса кон Видал, со оглед на тоа дека ниту еден фудбалер во историјата на каталонскиот клуб не го тужел во времето кога играл за него.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата