Носот е дел од телото што многу тешко може да се загрее, но изгледа дека е пронајдено решение бидејќи на пазарот се појавија грејачи за нос.

Можете да го покриете носот со шал за да спречите директна изложеност на студ, или можете да инвестирате во нов фантастичен изум – грејач за нос.

Ставете мала шапка на носот додека очите ви се откриени, и сè уште ќе можете да уживате во студеното време без да се плашите дека носот ќе ви промрзне.

Тие се производ на компанија за грејачи за нос, и варираат од чупави и крзнени до оние со грбот на вашиот омилен фудбалски тим. Можете да си набавите еден со животински дезен, или плетен.

Во Велика Британија, цената на овие грејачи изнесува од  8 евра па нагоре, што е мала цена во однос на тоа дека носот никогаш нема да ви биде ладен и смрзнат.

извор: Makfax