Нов Зеланд стана првата земја што ја легализира исплатата на заработката во криптовалути, објави „Фајненшал тајмс“.

Даночната служба на Нов Зеланд донесе одлука дека платите можат да се исплатат во криптовалути доколку таа виртуелна валута е поврзана со најмалку една стандардна валута. Властите на Нов Зеланд исто така бараат избраната криптовалута да може директно да се конвертира во некоја стандардна форма на плаќање.

Новиот закон стапува во сила на 1 септември и обликот на плаќање за новозеландските работници ќе биде биткоинот, најголемата светска криптовалута според пазарната вредност.

извор: Makfax