Без вода утре од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Св. Кирил и Методиј“,  блок 4, блок 5 и трите кули со бр. 19, 21 и 23, во  општина Центар.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на шибер ф 80 мм на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 48.