Нов бран жештини
Грција повторно ќе биде зафатена со нов бран на високи температури, јави грчката телевизија НЕТ, повикувајќи се на извори во грчката метеоролошка служба. Метеоролозите предвидуваат дека во нередниве денови, до петок, живите во термометрите во Грција ќе се искачат на над 40 степени Целзиусови.
Според најавите, од четврток вечер регионот на јужниот Балкан ќе се најде на удар на ветер од северен правец, што во петок ќе резултира со намалување на температурите, кои за време на викендот ќе бидат во границите на нормалните за овој период од годината.