Само после два месеца од доаѓањето на “Shrek 2” во светските кино сали, ДреамЊоркс издава нов 3Д анимиран цртан. Овој чекор ДреамЊоркс го овозможува со вклучувањето на новото студио Глендале, кое предходно беше одговорно за 2Д дивизијата. Режиран од Viki Jacson (“Shrek”), Бибо Бергерон (“Патот до Ел Дорадо”) и Роб Летерман (кој го режираше краткиот филм “Лос грингос”), “Shark Tale” го следи животот на брзозборливата рипка Оскар, која по случајност се наоѓа на местото каде загинува еден од синовите на главниот мафијаш. Првите критики претпоставија дека ДреамЊоркс има нов хит зад себе, но што навистина го одделува “Shark Tale” од претходните обиди, е употребата на високостилизираната уметност. Комбинирани бои, светло, сенка со голема концентрираност на текстура и важни детаљи, поради кои овој анимиран филм изгледа ништо помалку од убаво. За Maya да се совлада целосно, аниматорите следеа 10-неделен курс, поради тоа што во 3Д анимацијата методите се базирани на секвенци за разлика од карактери користени во 2Д. Ова беше така поради тоа што 60% од тимот што работеше на овој филм доаѓа од 2Д дивизијата. Еден од најголемите предизвици на DreamWorks беше да се задржат некои човечки карактеристики на главните ликови. Да се одлучи кои движења да бидат човечки, а кои на риба. Тимот што работеше на овој анимиран филм донесе правило: “Ако карактерот треба да се помести малку, тогаш ќе изведе неколку чекори, а ако се движи повеќе, тогаш ќе плива.”За движењата на телата на карактерите не беше користен скелет на вистинска рипка, туку беше користен скелетен риг, кој не зависеше од мускулатурен или симулативен систем. Една од тешкотиите во правење на животи на високоразвиени морски животни беше избегнувањето на истите да не изгледаат премногу пловливи, па затоа еден тим на аниматори ги студираа движењата на различни актери. Овие движења се вклопуваат со главните ликови. Еден од важните алати кој што беше направен специјално за овој анимиран филм е LUIGI (“Lithting User for Global Illumination”). LUIGI го овозмозува презентирањето на светлосниот сетуп на многу природен и контролиран начин. Исто така, беа креирани повеќе нови модули на сенка, кои тимот одговорен за површина ги користеше за да добијат повеќе ефекти на карактерите. Овие модули содржат слоеви за изглед на рипката и овозможуваат избирање на слојот во зависнот од тоа каде е камерата. “Shark Tale” е анимиран цртан со дејство под вода, но сепак повеќе време е поминато на карактерната анимација, додека околината е правена да биде нереална, со појавување, одвереме навреме, на некое подводно меурче. Ова ново дело на ДреамЊоркс вреди да се види, затоа што е забавен, со јаки бои и интересна содржина, но сепак не може да се спореди со “Finding NEMO”.