x

Ново продолжување на „сагата“: Сега Џеко блиску до Атлетико Мадрид!?

dzeko-slika-968x640

Џеко – Суарез – Милик, тоа е „вртелешката“ околу која се вртат многу работи на трансфер пазарот.

Додека се чекаше Џеко да потпише за Јувентус, а Милик на негово место за Рома, Суарез требаше да биде дел од Атлетико. Едно време се појави информација дека Џеко ќе си оди, па Милик ќе потпише за Рома, а Суарез во Јувентус.

Сега нова информација. Сега, пак, Џеко се поврзува со трансфер во Атлетико, а да „извиси“ Суарез. Со тоа повторно би се актуелизирало доаѓањето на Милик на „Олимпико“ кој го очекува со нетрпение. Полјакот исто така се споменуваше со трансфер во Јувентус. Меѓутоа Јуве и дефинитивно го одбра Мората, со што сега остануваат Суарез, Џеко и Милик да си најдат нови клубови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата