Вегетаријанците тврдат дека водат поздрав живот, но се чини дека има еден аспект од животот во кој „потфрлаат“ во споредба со луѓето кои уживаат да јадат месо: сексот. Барем така тврди едно најново истражување.

Резултатите од истражувањето покажаа дека 42% од луѓето кои се изјасниле дека јадат месо најмалку еднаш дневно имаат секс еднаш неделно и повеќе.

Меѓутоа, бројката опаѓа на само 16% кај вегетаријанците и оние кои недоволно јадат месо само еднаш на две недели.

Пред да го фрлите вашето тофу и да се упатите кон најблиската месарница, имајте предвид дека истражувањето на 2.000 Британци го спроведе онлајн снабдувачот со органски и етички произведено месо GourmetMeatClub.co.uk.

Според резултатите, Велшаните водат на листата најголеми „месојадци“: 49% од нив се изјасниле дека јадат месо секој ден и имаат секс најмалку еднаш неделно.

По нив се Англичаните со 46% и испитаниците од Шкотска со 40%.

Не изненадува фактот дека вегетаријанците изразија сомнежи во врска со истражувањето. Сандра О’Саливан (41) од Источен Сасекс, рече дека истражувањето е „откачено“ и додаде:

„Вегетаријанците имаат секс како и сите други луѓе, иако морам да признаам дека јас сум немала веќе некое време. Но, не сум во искушение да почнам да јадам месо. Ќе ризикувам и ќе си јадам тофу.“

Гарет Симпсон (36) од Единбург, Шкотска рече дека секој ден го почнува со ролат со сланина и дека често јаде стек за вечера. Исто така се пофали дека со девојката имаат секс најмалку два пати неделно.

puls24.mk