Видео од полициски службеник во Пенсилванија, кој клекнува на вратот и главата на еден човек при приведување, предизвика бес кај демонстрантите и ги осуди службените лица, јавува „Ен-би-си“.

На видеото може да се види како еден од полицајците му ја притиска главата и вратот на човекот со коленото и рамото. „Ен-би-си“ наведува дека полицискиот службеник е белец, а дека уапсениот се чини дека е црнец.

Видеото беше објавено на Фејсбук, по што движењето „Блек лајвс медр“ побара од полицијата да ги објави своите видеа и да ги суспендира полицајците вклучени во инцидентот.

Ова движење беше формирано кога Афроамериканецот, Џорџ Флојд почина во Минеаполис, откако полициски службеник клекна на вратот за време на апсењето, а протестите траеја со недели низ САД и низ целиот свет.

извор: Makfax