Грчката полиција упаси 35-годишен маж под обвинение дека подметнал пожар во областа Маратон додека истовремено беснееле пожарите во Мати.

Обвинетиот за време на апсењето дал отпор и се обидел да побегне, а како што пренесе грчката новинска агенција АНА, се верува оти во полицијата мажот признал дека сака да подметнува пожари и да ги набљудува пожарникарите додека се обидуваат да ги изгаснат.

Се претпоставува дека осомничениот подметнал пет пожари, од кои два на 26 јули.

извор: Makfax