Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ги отвори новоизградените училници во основното училиште Гоце Делчев.

Осум нови училници или вкупно 569м2 ќе бидат на располагање на учениците и наставниците со цел да добијат што подобри услови за квалитетно образование.

Во 60 години постоење на училиштето, ова е прва и единствена голема инвестиција за обезбедување подобри услови за работа во ова центарско училиште. Децата остануваат наш приоритет, а општина Центар продолжува да работи на создавање на соодветни услови за учење и растење на нашите деца, соопшти општината.

извор: Makfax