Нерегистрираната белоруска организација за заштита на човековите права „Весна“ објави дека 339 лица биле лишени од слобода за време на вчерашните демонстрации во Белорусија.

Претходно, претставникот на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова, изјави дека безбедносните сили уапсиле околу 200 демонстранти за време на протестот, пренесува ТАСС.

Во извештајот на организацијата „Весна“ се наведува дека полицијата во неколку градови во Белорусија уапсила и истакнати белоруски новинари.

По официјалното објавување на резултатите од претседателските избори во Белорусија на 9 август и наводната убедлива победа на претседателот Александар Лукашенко, приврзаниците на неговата ривалка Светлана Тихановскаја одбија да го признаат поразот.

Оттогаш, во Белорусија се одржуваат протести, со чести судири меѓу демонстрантите и припадниците на белоруските безбедносни сили.

извор: Makfax