Нови 24 фолк “капки роса”
Новите 24 фолк мелодии вечерва ќе го заокружат репертоарот на фестивалот “Роса”, кој ќе се одржи во Универзална сала. Директен пренос на оваа ревијална манифестација од 20:30 часот ќе има на Канал 5. Програмата ќе ја води Сузана Турунџиева, а неа ќе ја сочинуваат песните: “Нема да се сменам” – Фаворити, “Среќна сум” – Живанка Ристова, “Ти знаеш ли” – Благојче Станковски, “Розово е се” – “Цик цак”, “Не дај Боже” – Даниела Темелковска, “Само ти” – Маријан Коцев, “Верувај во мене” – Џени, “Дојди моме убаво” – Петар Нечовски, “Не е среќата во злато” – Јасмина Гуњова, “Знам” – “Индекси”, “Кој што не бил не знае” – Оливер Додев, “Песна само за нас” – Билјана и Боро Димови и групата “Мелос”, “Не е злато се што сјае” – Гоце Пејковски, “На среќа ќе те посетам” – Милица Кузмановска и Миле Кузмановски, “Животот го сакам” – Мишко Крстевски, “Недопирлива” – Татјана Лазаревска, “Некому рози, некому солзи” – Ибуш Ибраимовски, “Огнена жена” – Елена Велевска, “Љубовта е најскапа” – Зуица Лазова и “Хармонија”, “За еден живот” – Војо Стојановски, “Горе во рајот” – Есма, “Ете, тоа е љубов” – Наум и Румјана, “Златен споменик” – Благица Калева и група “Модус”, “Со чифте пајтони” – Гоце Арнаудов. На сцената ќе и биде доделена награда за животно дело на Вања Лазаровска, а постхумно вакви награди ќе бидат доделени за Јонче Христовски и Стево Теодосиевски. Манифестацијата е во организација на радио “Роса”. Директор е Александар Димитров, уметнички директор текстописецот Борче Нечовски. (Ва.Ѓ.)