Четворица припадници на МВР вчера се новорегистрирани случаи со коронавирус, потврдуваат од таму за А1он.

Станува збор за еден вработен во Одделот за обезбедување на лични објекти и личности, двајца во секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ и еден во Регионалниот центар за гранични работи Север. Засега нема информации дали вработените се заразиле на работното место.

Извор: А1он