Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска на полноќ.

Според новиот ценовник, бензинот Еуросупер БС 95 поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, а 67,5 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 60,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) ќе чини 49 денари.

За 0,149 денари се намалува цената на мазутот М-1 HC кој ќе чини 32,698 денари по килограм.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,09 проценти.

извор: Makfax