Тим од сертифицирани професионалци од прифатилиштето на ЈП Лајка-Скопје, започна со заловување на бездомните кучиња низ градот Скопје и нивно сместување во суви и топли апартмани со подно греење и легла според сите стандарди, под редовна контрола, третман и нега од страна на ветеринарниот тим и негувателите во прифатилиштето на ЈП „Лајка“.

„Целиот хуман третман кој вклучува: крвна слика, 4Д тест, тест за лишманија по единствена акредитирана метода (кој е задолжителен согласно годишната наредба на Агенцијата за храна и ветеринарство), терапија против внатрешни и надворешни паразити, вакцинација против заразни болести и беснило, кастрација/стерилизација, микрочипирање, обележување со ушна маркица, престој и ресоцијализација е бесплатен за сите бездомни кучиња над 7-месечна возраст кои се предмет на работата на претпријатието и кои се наоѓаат на територијата на Гад Скопје“, велат од таму.

извор: Makfax