Судскиот процес за случајот „Рекет“ продолжува денес во Кривичниот суд со сослушување на нови сведоци.

На минатото рочиште бизнисменот Томе Главчев сведочеше дека исказите во специјалното јавно обвинителство ги доживеал како „изживување врз него“

Зоран Митровски инаку, конзул во Латвија, рече дека СЈО од надеж станало кошмар.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.