Британскиот премиер Борис Џонсон денес објави нов пакет построги мерки со цел да се запре ширењето на вирусот Ковид-19, нагласувајќи дека владата ќе ја прошири употребата на маски и ќе го зајакне таканареченото правило шест.

Во обраќањето до парламентот, Џонсон рече дека сака да избалансира посилни мерки со секојдневниот живот и продавниците да бидат отворени што е можно подолго, пренесува „Ројтерс“.

Како што рече, сите правила важат за сите четири нации на Велика Британија.

Британскиот премиер изјави дека новите мерки најверојатно ќе важат во наредните шест месеци и ги предупреди граѓаните да не бидат самоуверени, пренесува „Гардијан“.

„По шест месеци, многумина мислат дека се имуни на вирусот, но тој став е опасен“, рече Џонсон.

Меѓу новите мерки е и задолжителното носење маски, кои доколку бидат прекршени, ќе бидат казнети со 200 фунти, пабовите и рестораните ќе работат до 22 часот и ќе нудат само седење на маси, маските ќе бидат задолжителни и во такси.

Исто така, Џонсон рече дека една од обврските ќе биде воведување на задолжителни заштитни мерки на работа, а се воведува правилото број шест, според кое максимум 15 лица ќе можат да присуствуваат на свадби, а таа мерка ќе стапи на сила од понеделник.

Џонсон им препорача на компаниите да се работи од дома.

извор: Makfax