Шпаркасе Банка Македонија, започна со одобрување на нови исклучително поволни кредити за студенти. Студентскиот кредит за школување е со максимален износ до 5.000 евра (300.000 денари). Каматната стапка за денарскиот кредит, изнесува 12% (годишна /променлива), без обврска за префрлување на платата преку Шпаркасе Банка и 8,45% за девизниот кредит, со обврска за префрлање на платата преку Банката во рок од 3 месеци од одобрување на кредитот. Рокот на отплата е 36 месеци.

Банката одобрува и студентски кредит за апсолвентска екскурзија. Овој кредит е со максимален износ, согласно износот на про-фактурата од туристичката агенција, а каматата е како за кредитот за школување. Рок на отплата е 24 месеци. Со подигнување на еден од двата кредита, кредитобарателот добива и гратис Виза кредитна картичка, со кредитен лимит до 1 просечна месечна плата.