Општина Илинден преку електронско јавно наддавање отуѓи пет градежи парцели наменети за лесна и незагадувачка индустрија, со вкупна површина од 30.000 метри квадратни, во насока на интензивирање на локалниот економски развој и привлекување на домашни и странски инвеститори.

Како што се наведува во соопштението на Општината, на овие парцели свои капацитети ќе почнат да градат компаниите „Мултипром”, „Вертиго Дизајн” и „Деус Биб”. Според најавите од инвеститорите во новите погони ќе бидат инвестирани околу 8 милиони евра, при што ќе бидат отворени 130 нови слободни работни места. Овие компании на новите локации ќе градат погони за производство на кондиторски производи, магацински и деловен простор, како и шпедитерско-транспортни капацитети.

Со ова Општина Илинден и понатаму останува максимално посветена на предизвикот кон инвестициите и отворањето на нови слободни работни места, во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, а и во иднина ќе се залага за намалување на стапката на невработеност која во моментот е под 10 проценти.