Центрите за Континуирана медицинска едукација пропаѓаат и се растураат, националната стратегија за лекови не само што никој не ја прочитал, туку се работи спротивно на зацртаното, лекарите кои беа опфатени со доедукацијата, не го практикуваат она што го науч ија затоа што немаат опрема, набавената апаратура се амортизира без да се обновува… Ова се само дел од реализираните активности со Проектот за транзиција на здравствениот сектор кој со кредитна линија од 16, 9 милиони долари го финансираше Светска банка. Отплата на тој заем се уште не е почната (првата рата стасува во 2006 година), а започнува арчењето на нов кредит во износ од над 10 милиони долари со кои треба да се реформира “управувањето со здравствениот сектор”. И првата и втората кредитна линија ќе ги враќа народот, а колкав е и дали има бенефит од она што досега е изреформирано, никој не сака да аргументира. Во Центрите за континуирана медицинска едукација се инвестирни неколку милиони долари и во моментов ниту еден не функционира. Центарот во Специјалната болница за Гинекологија и акушерство во “Чаир” -Скопје е расформиран, а просторот со одлука на директорот Кадри Жута и без виза од Министерството за здравство е преадаптиран за потребите на болницата. Центрите во Велес, Прилеп и Гостивар фаќаат прав, додека во Струмица е узурпиран дел од квадратурата. Низ едукативните процеси на овие центри поминаа над 1000 лекари, а едукаторите се обучуваа надвор од земјава и од странски експерти што доаѓаа кај нас. Со претходниот кредит беше спакувана и национална стратегија за лекови. Меѓутоа, по официјалната нејзина промоција пред три години, овој базич ен документ (на него работеа цела низа експерти)веројатно, никој не го прочита, бидеј- ќи с&”238; што се случуваше во фармацевтскиот сектор беше, главно, спротивно на она што се зацрта во стратегијата. Во агендата на новата кредитна линија за продол- жување на реформите во здравствениот сектор на истата тема има нов потпроект – фармацевтска стратегија. Како и во претходниот проект за подобро и поефикасно здравство, и во новиот има неколку пункта за “јакнење на информативните системи”, но и за зголемување на “капацитетите за ефикасно информирање на јавноста”…