Новите жаришта на коронавирус во Кина и Јужна Кореја се загрижувачки поради очигледната способност на вирусот да продолжи да се шири незабележано.

Иако тој број е далеку помал од оние што се пријавуваат секојдневно низ Западна Европа и САД, враќањето на вирусот, особено во град со толку интензивно набљудување и ограничувања како Вухан, ја доведува во прашање одржливоста на повторно отворање на градовите, пишува „Си-ен-ен“.

Кина и Јужна Кореја ја спречија епидемијата на коронавирус благодарение на мерките за социјално оддалечување и внимателното надгледување, но исто како што животот постепено почна да се враќа во нормала во тие земји, се појавија нови резервоари на инфекција.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, предупреди за втор бран на епидемијата поради порастот на бројот на нови случаи поврзани со ноќните клубови во Сеул, кои ги посетувал маж во доцните 20-ти години, за кој се испоставило дека е позитивен на вирусот.

Воведени се нови ограничувања во Кина бидејќи се појавија нови случаи на коронавирус во два града.

Градот Шулан во североисточната провинција Jилин воведе мерки за затворање, откако беа потврдени 11 заразени лица.

Она што е уште позагрижувачко е што се појавија нови случаи во Вухан, градот од кој започна епидемијата и кој на крајот на минатиот месец започна да се враќа во релативно нормален живот по 76 дена изолација.

Градските власти пријавија пет нови случаи, сите пренесени на локално ниво.

Може да испадне дека новите случаи се само капка во океанот и ќе бидат совладани, но факт е дека двете земји за кои се мислеше дека ја држат епидемијата под контрола, известуваат за нови локални пренесувања, што може да биде причина за загриженост, наведува „Си-ен-ен“.

извор: Makfax