– Со учениците од училиштата со кои традиционално соработуваме во изминатите неколку години, континуирано засадуваме нови дрвца во училиштата и голините наоколу. Целта е да се подигне јавната свест за значењето на екологијата во животот на секој човек, рече во изјава за медиумите Роберто Паризов, претседател на еколошката организација, која е членка на Движењето на екологистите на Македонија.

Стефка Саздовска, наставник во Основното општинско училиште „Страшо Пинџур” од Кавадарци и координатор за екологија, нагласи дека учениците веќе знаат дека чистата животна средина е еден од важните услови за здрав живот.