Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 2.873.619 лица. Од нив починале 200.719, а оздравеле 823.306 луѓе.

– Во Хрватска во последните 24 часа евидентирани се седум новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 2.016 луѓе. Во исто време починаа три лица, со што цифрата на смртни случаи изнесува 54. Хоспитализирани се 316 лица од кои 21 пациент се на респиратор.

– Во изминатото деноноќие во Велика Британија починаа 813 луѓе од последици од Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 20.319, со што земјата е на петто место по починати лица, зад САД, Италија, Шпанија и Франција. Во последните 24 часа регистрирани се 4.913 новозаразени, со што вкупната цифра се искачи на 148.377 луѓе.

– Во Шпанија во изминатите 24 часа од последици од новиот коронавирус починале 378 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 22.902. Вкупната бројка на инфирцирани со Ковид-19 изнесува 223.759 луѓе.

– Бројот на новозаразени во Германија се зголеми за 2.055 на 152.438 луѓе, што укажува дека втор ден по ред се намалува цифрата на инфицирани од Ковид-19, соопшти денеска Институтот Роберт Кох. Во последните 24 часа зголемен е и бројот на смртни случаи за 179, со што од последици од новиот коронавирус починале вкупно 5.500 лица.

– Во Холандија во изминатите 24 часа регистрирани се уште 655 новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани порасна на 37.190. Во изминатото деноноќие од последици од новиот коронавирус починале 120 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи на 4.409.